Со симболичното патување од Зелениково до Железничката станица Скопје, стартуваше првата фаза од проектот „Градски воз”. Периферните населени места и општини се поврзуваат со централното подрачје на Скопје.
На првото возење беа и премиерот Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и дел од скопските градоначалници.
„Реализацијата на градскиот воз е доказ дека кога се има јасен план, концепт и визија, може да се реализираат проекти. Нешто што пред две години се сметаше за заборавено и напуштено, а тоа е железничкиот превоз, се враќа во превоз”, кажа Николоски.

Возниот ред предвидува девет тргнувања од Зелениково и од Транспортен центар, а патувањето ќе трае од 24 до 28 минути. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе изнесува 70 денари.
