Спорт

15.020 учесници на Виз ер Скопскиот маратон: Денес главниот град дише во ритамот на спортот

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Илјадници тркачи на улиците на Скопје. Почна 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон.

Главниот град пулсира во знакот на трчањето, а на стартот атмосферата се загреа со музиката, публиката и позитивната енергија меѓу учесниците.

Годинава на маратонот се пријавени рекордни 15.050 учесници од 63 земји, кои настапуваат на маратонската и полумаратонската трка, штафетниот маратон и трката на пет километри.

Стартот го означија министерот за спорт Борко Ристовски и Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓоргиевски кој напиша:

Скопје е на нозе!

15.020 учесници, илјадници лични приказни и еден град што денес дише во ритамот на спортот!

Утрово, заедно со министерот за спорт Борко Ристовски, имав чест да го означам стартот на Wizz Air Скопскиот маратон.
Од стартната линија испративме силна порака за истрајноста, заедништвото и вербата во сопствените можности!

Град Скопје, како покровител, е подготвен да ја даде потребната поддршка за успешно одржување на оваа голема спортска манифестација и да покаже дека е достоен домаќин на настани што нè обединуваат и го претставуваат Скопје пред светот.

Нашата заложба е овој маратон да продолжи да расте, а спортот да биде сè поприсутен во животот на нашиот град.

На сите учесници им посакувам успешна трка, лесен чекор и силна волја до целта! На скопјани им упатувам повик со аплауз и бодрење да им дадеме дополнителна сила на сите што денес трчаат низ нашиот град.

Денес секој чекор заслужува аплауз, секоја лична победа заслужува почит!

Напред, маратонци! Скопје е со вас!

Најнови вести