Два големи пожари во земјава, на Жеден повторно гори

Дождот не помогна во битката со пламените јазици, вчера регистрирани 31 пожар на отворен простор. Два се големи и комплексни пожари, вели во пладневната изјава директорот на дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Првиот голем пожар е во општината Ѓорче Петров во село Грачани, се дејствува и од воздух и од земја. Ветерот го носи чадот накај главниот град и граѓаните поради миризбата чувствуваат вознемиреност, информира Ангелов.

Врз огнената стихија веќе делуваат скопските пожарникари, засилени со типови на ДЗС, работат по огнената линија за да ја намалат. Од воздух гаси и еден армиски хеликоптер како и два ер-трактори. Во овој момент двете села Грачани и Никиштани не се загрозени од пожарот.

Ангелов очекува вечерва да биде ставен под контрола.

Вториот голем пожар за кој директорот Ангелов информираше е во Струга, на граница со Дебар. Пожарот е на тежок и на непристапен терен, гори мешовита шума на голема површина. Во попладневните часови ќе се вклучат ер-тракторите.

Вчера биле подметнати два пожари, на Китка и во Зелениково. Овие пожари се изгаснати благодарејќи на пожарникарите од Скопје.
Апел до граѓаните да бидат внимателни и да не предизвикаат пожар, а секое сомнително однесување да го пријават.

Активен пожар има повторно во подножјето во Жеден, Ангелов се сомнева дека и тој е подметнат.

Најнови вести