Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30, на ден 18/19.09.2026 година, регистрирани се вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се три, под контрола се ставени два, изгаснати се 15 пожари.
Активни се пожарите во Општина Кривогаштани: с. Подвис – с. Кривогаштани каде гори ниска вегетација.
Општина Ресен: с. Евла гори ѓубре и ниска вегетација и Општина Куманово: с. Пчиња гори ѓубре и ниска вегетација.
Под контрола е огнената стихија во Општини Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (општина Македонски Брод), со проширување кон Јасен (општина Сопиште) кгори нискостеблеста и мешана шума.
Општина Ново Село: с. Бадилен – шума.