На 15.09.2026 во 22.00 часот, во близина на автокамп, на околу 50 метри од копно, во водите на Охридското езеро, пронајден е починат 31 – годишен скопјанец.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, а идентификација извршил член на неговото семејство. По насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
Инаку, на 14.09.2026 во 18.10 часот во СВР Охрид, 31-годишниот маж бил пријавен како исчезнат од страна на неговиот татко со кого престојувал во автокампот во Охрид.