Центарот за управување со кризи информира дека до 07:30 часот на ден 21/22.09.2026 година, регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои активни пожари нема, под контрола е еден, а изгаснати се 30.
Под контрола е огнената стихија во Општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (опш. Македонски Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста и мешана шума.