Центарот за управување со кризи со информација за пожари на отворен простор до 07:30 часот
Денеска регистрирани се вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 2 се под контрола, а 27 се изгаснати.
Активни: 4
Општина Чашка: с. Јаболчиште, м.в. „Биков Гроб“ (букова, дабова шума, кривуљ и ниска вегетација);
Општина Липково: с. Стрима, место викано „Гури Куќ“ (борова шума и ниска вегетација);
Општина Прилеп: с. Дрен (мешана шума);
Општина Дебар: с. Горно Косоврасти, м.в. „Крушно и Вложно“ (шума).
Под контрола: 2
Општина Студеничани: помеѓу с. Драчевица и с. Цветово, м.в. „Калдиред“ (ниска вегетација);
Општина Куманово: депонија Краста (депонија).
Изгаснати: 27
Општина Гази Баба: ул. „Перо Наков“ (ѓубре);
Општина Студеничани: с. Батинци (ниска вегетација и грмушки);
Општина Студеничани: с. Моране (нискостеблеста шума);
Општина Бутел: Радишански пат (ниска вегетација);
Општина Дебар: Дебарско Езеро (ѓубре и грмушки);
Општина Дебарца: помеѓу селата Белчишта и Лешани (ниска вегетација);
Општина Прилеп: с. Веселчани (ниска вегетација и стрниште);
Општина Кривогаштани: с. Боротино (стрниште);
Општина Кривогаштани: с. Врбјани (стрниште);
Општина Битола: с. Лопатица (стрниште);
Општина Битола: с. Кукуречани (ѓубре);
Општина Тетово: над Боговинско Езеро на Шар Планина (пасишта);
Општина Тетово: с. Селце (мешана шума);
Општина Јегуновце: с. Беловиште (ниска вегетација);
Општина Теарце: с. Першовце и с. Јелошник (ниска вегетација);
Општина Желино: с. Требош (жито);
Општина Желино: с. Мерово (ѓубре);
Општина Неготино: с. Криволак (ниска вегетација);
Општина Струмица: с. Банско и с. Муртино (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Струмица: с. Просениково (ниска вегетација и ѓубре);
Општина Струмица: с. Добрејци (ниска вегетација, трска и ѓубре);
Општина Босилово: с. Сарај (ниска вегетација и врби);
Општина Куманово: нас. Проевце (ниска вегетација);
Општина Куманово: с. Проевце (ниска вегетација);
Општина Куманово: с. Романовце (ниска вегетација);
Општина Боговиње: с. Жеровјане (ниска вегетација);
Општина Чашка: с. Голозинци (ниска вегетација).