„Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства од надлежниот меѓународен суд“, ставот на Китановиќ е негов личен став и дека како таков е неприфатлив за Владата, реакција од Илинденска откако директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците објави слика на социјалните мрежи на кои Младиќ е покажан како национален херој.
„Владата ги гради ставовите врз основа на интересот на државата и граѓаните. Кога таквиот став е изграден, тогаш истиот се почитува од страна на сите поединци во Владата“, велат од Владата за ТВ21.
Од „Илинденска“ додаваат дека волунтеризмот е неприфатлив и најавуваат дека од Китановиќ ќе побараат да го повлече својот став.
Во спротивно, доколку тој не се согласува со политиките на Владата, од Владата очекуваат Китановиќ да се повлече од позицијата што ја извршува.
Далибор Китановиќ објави скандалозна објава со која се велича осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Објавата се појави на неговиот профил на Инстаграм по смртта на поранешниот командант на Војската на Република Српска, кој почина во Хаг додека издржуваше доживотна затворска казна.
Китановиќ објави фотокомпозиција, очигледно изработена со вештачка интелигенција, на која Младиќ е прикажан заедно со повеќе личности од српската историја. Меѓу нив е и четничкиот командант Дража Михајловиќ, а врз композицијата со големи букви е напишано: „Генерали на небеската војска“.
Неговата објава предизвика бура од реакции и кај политичките партии.