Конфликт на блискиот исток

Трамп се сомнева оти Иран е вмешан во безбедносен инцидент во базата на САД во Велика Британија

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот Доналд Трамп се сомнева оти Иран бил вмешан во безбедносен инцидент за време на викендот, во воздухопловна база управувана од САД во Англија.

Британската полиција за борба против тероризмот уапси уште едно лице во рамки на истрагата за можен напад или саботажа врз воздухопловна база „РАФ Ферфорд” во западна Англија изминатиот викенд.

Претходно петмина мажи, сите британски државјани на возраст од 20 години, беа исто така уапсени под сомнение за експлозиви и терористички дела во близина на воздухопловната база на РАФ Ферфорд, која ја користеа американските бомбардери за време на нападите врз Иран. Осомничените се ослободени со кауција.

Првично, мажите беа осомничени за прекршување на британскиот Закон за експлозиви, а подоцна и за „подготовка на терористички чин”.

Десетици жители беа евакуирани од домовите во близина на базата, додека вооружени полицајци и експерти за деактивирање бомби од армијата ја проверуваа руралната област. Полицијата подоцна соопшти дека пронашла бензин во три комбиња поврзани со петте осомничени, но не и експлозиви.

Премиерот Енди Бернам изјави дека Велика Британија гледа „силни индикации“ оти Иран учествувал во инцидентот. Тој не даде детали за тоа што планирале осомничените или зошто Велика Британија мисли дека Техеран е вклучен.

Иран негира вмешаност. Претходно властите на Исламската Република изјавија дека ја сметаат секоја база што се користи за напад од страна на САД врз нејзина територија, за легитимна цел.

Најнови вести