Забележавте грешка? Помогнете ни да ја исправиме.
На Репер се стремиме кон точно, објективно и навремено информирање. Ако забележите неточен податок, погрешно име, датум или бројка, печатна грешка или фотографија со несоодветен опис, пријавете ни преку формата подолу.
Испратете пријава
Наведете линк до објавата, објаснете што сметате дека е неточно и, доколку имате, приложете извор или линк со точната информација. Не мора да сте споменати во објавата за да пријавите грешка.
Што следува по пријавата?
Редакцијата ќе ги разгледа наведените информации. Ако ни треба дополнително појаснување, ќе ве контактираме преку е-поштата што сте ја оставиле.
Кога ќе потврдиме грешка, ќе ја исправиме што е можно побрзо. Посложените случаи може да бараат дополнителна проверка.
При значајна фактичка корекција, во објавата ќе додадеме белешка што е исправено и кога. Помалите печатни и јазични грешки што не го менуваат значењето може да се исправат без посебна белешка.
Секоја пријава ја разгледуваме внимателно. Нејзиното поднесување не значи автоматска измена или отстранување на објавата.
Ви благодариме што ни помагате Репер да биде поточен.
За нова информација или предлог за новинарска приказна, посетете ја страницата „Биди и ти репер“.