Се бара укинување на ветото во ЕУ, 11 земји предлагаат промени

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

11 земји – членки на ЕУ побарале од високата претставничка на Унијата, Каја Калас, да го промени начинот на кој се носат одлуките за надворешната политика.

Австрија, Данска, Белгија, Финска, Франција, Германија, Луксембург, Холандија, Романија, Шпанија и Шведска во писмото испратено до високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, истакнуваат дека принципот на консензус треба да придонесе за заедничко дејствување.
Германија, најголемата земја-членка, ги предводи повиците за реформа на надворешната политика на блокот.

Предлогот има за цел Европската Унија да не биде парализирана поради противењето на само една држава, особено кога станува збор за важни прашања поврзани со надворешната политика и безбедноста.

Според правилата на ЕУ, надворешната политика е строго регулирана со едногласност, што значи дека една земја може, во секое време, да ги блокира одлуките на другите 26 земји-членки.
До неодамна, членките мака мачеа со одлуките на поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан, особено за прашања поврзани за финансирањето на војната во Украина и санкциите за Русија. Врз основа на лекциите научени од годините на Орбан, потписниците поставуваат пет принципи кои, според нив, треба да ја водат и подобрат заедничката надворешна политика на блокот:

– Да се ​​почитуваат принципите на искрена соработка и меѓусебна солидарност

– Да се ​​зголеми употребата на конструктивни воздржувања за да се заменат ветата

– Да се ​​воздржи од поврзување на одлуките за надворешна политика со „суштински неповрзани“ прашања

– Да се ​​истражат опциите во рамките на договорите на ЕУ за премин од едногласност кон квалификувано мнозинство

– Да се ​​обезбедат „основани витални причини“ за блокирање на таков потег

Бугарското вето за евроинтеграциите на Македонија претставува долгогодишна блокада на патот кон преговорите со Европската Унија, поради прашања поврзани со историјата, идентитетот и малцинствата.

Најнови вести