Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) обезбедува заем до 4 милиони евра на Комерцијална банка АД Скопје во Македонија во рамките на програмата за резиденцијално финансирање на зелената економија на Западен Балкан III (Western Balkans Green Economy Financing Facility III – WB GEFF III). Финансирањето ќе ѝ овозможи на Банката да одобрува кредити за зелени инвестиции во станбени згради и јавниот сектор низ целата земја. Кредитот ќе финансира инвестиции во технологии со високи перформансни за енергетска ефикасност, материјали и решенија за приватни домови и станбени згради. Целото финансирање под оваа програма ќе поддржува инвестиции во транзиција на зелената економија (Green Economy Transition – GET).
Се очекува проектот да придонесе за намалување на потрошувачката на енергија и намалување на емисиите на јаглерод во Северна Македонија, поддржувајќи ја зелената транзиција на земјата и помагајќи им на домаќинствата, заедниците и јавните институции да ја подобрат енергетската ефикасност и отпорноста. Операцијата е усогласена со пристапот на ЕБОР за транзиција кон зелена економија и целите на Парискиот договор.

Програмата се спроведува со силна поддршка од Европската Унија, преку Заедничкиот европски фонд за Западен Балкан (European Western Balkans Joint Fund – EWBJF) и Рамката за инвестиции во Западен Балкан (Western Balkans Investment Framework -WBIF). ЕУ обезбедува инвестициска поддршка за крајните квалификувани корисници, како и техничка помош за финансиските институции и клиентите кои го користат кредитот. Дополнителната техничка соработка е поддржана од Фондот за соработка Јапонија-ЕБРД.
Комерцијална банка АД Скопје е клиент на ЕБОР уште од 1996 година и има силна репутација во имплементација на програмите за зелено финансирање. Новата програма се надоврзува на претходната успешна соработка во рамките на програмата GEFF и одговара на растечката побарувачка за финансирање на енергетски ефикасни и климатски инвестиции во Македонија
ЕБОР е водечки институционален инвеститор во Македонија и досега има инвестирано повеќе од 3 милијарди евра, во повеќе од 190 проекти, поддржувајќи го развојот на позелена, поконкурентна и инклузивна економија.