Димче Арсовски е новиот директор на Младинскиот културен центар, Арбен Бени Шаќири поднесе оставка. Шаќири беше назначен за директор во јануари 2024 од тогашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска.
„Поднесов неотповиклива оставка до градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, од лични причини. На предлог на градоначалникот Ѓорѓиевски, останувам дел од неговиот кабинет, на позицијата советник за култура, со што ќе се обидам, од еден поинаков аспект, да придонесам за унапредување и развој на културата во градот. За нов директор на МКЦ доаѓа Димче Арсовски, кому му посакувам да биде успешен и трпелив. Верувам дека како млад човек ќе даде максимум од себе, за да може да се справи со сите потешкотии со кои културата воопшто се соочува изминативе години”, објави Бени Шаќири.
Димче Арсовски е поранешен портпарол на ВМРО- ДПМНЕ, во периодот од 2018 до 2021.