Во програмата ќе учествуваат шестмина професионалци од издавачки куќи и литературни агенции од трите земји, кои ќе остварат средби со претставници на Македонската асоцијација на издавачи и домашни издавачки куќи.
Целта на „Скопје фелоушип“ е промоција на македонската книжевност во странство и воспоставување директни контакти меѓу македонските автори
и издавачи и нивните колеги од регионот.
Организатор на „ПРО-ЗА Балкан“ е издавачката куќа „Прозарт медиа“ од Скопје, а програмата е поддржана од Министерството за култура и туризам.