Украинскиот претседател добил информации за првите авиокомпании кои одбиваат летови до Русија, по неговото предупредување еден ден претходно. Зеленски вчера им посочи на авиокомпаниите и осигурителите дека рускиот воздушен простор станува сè поризичен поради зголемениот број украински дронови.
„Ова е точен, целосно логичен одговор на достапните факти – на сè што постои поради војната што Путин не сака да ја заврши“, рече.
Од Москва ги оценија заканите од Киев како „државен тероризам“ и порачаа дека со „терористи” нема преговори.
Паралелно со ескалацијата меѓу Русија и Украина, кризата се префрли и кон Германија. Германската Влада ја обвини Русија за обидот за напад врз аеродромот „Лајпциг- Хале” на 4 август, кој бил изведен со дрон наполнет со експлозив. Дронот бил пронајден во близина на украински авион, а експлозивната направа била деактивирана.
Европската Унија се подготвува за нови санкции насочени кон 1.600 физички и правно лица поврзани со рускиот воено- индустриски комплекс.