Предвремените избори се пред вратата на Србија

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Предвремените парламентарни избори во Србија најверојатно ќе се одржат на 25 октомври. Народното собрание ќе биде распуштено во наредните денови по образложен предлог на српската Влада, со што практично ќе го означи почетокот на кампањата, чиј законски рок е од 45 до 60 дена.

Парламентарните избори ги распишува претседателот на државата, а доколку треба да се одржат на 25 октомври, потребно е Вучиќ, со образложен предлог од Владата на Србија, да го распушти Народното собрание најдоцна до 10 септември.

Вучиќ уште во јули изјави дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател неколку дена по распишувањето на парламентарните избори.

Во август, тој изјави дека е единствениот претседател во Европа кој ќе поднесе оставка за да може да учествува во кампањата „како обичен граѓанин”.

Се проценува дека околу 4.132 милиони гласачи би излегле на гласање. Според најавите, по повеќемесечните антивладини протести, кои почнаа по падот на настрешницата во Нови Сад, соседната земја ја очекуваат неизвесни изборни резултати.

Од едната страна е листата „Обединета Србија“, која има огромна поддршка од народот,од друха се блокадерите и се уште не е познато како опозицијата ќе се претстави на изборите.

Најнови вести