Одделот за субивање на организоран и сериозен криминал при БЈБ – МВР спроведе акција и уапси неколку лица по претреси на повеќе локации во рамки на истрага за сериозен финансиски криминал.
Станува збор за случај во кој осомничените преку лажирање на извештаи и уплатници при наплата на надоместоци за регистрација на возила ги прикривале и пренасочувале средства.
Меѓу осомничените има и вработени во државни институции и претпријатија, од кои едно лице е вработено во Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), а според информациите штетата се проценува на над 13 милиони денари, нешто повеќе од 2 милиони евра.