ФОТО: Ќе се подобрува хигиената во земјава- промовирана новата опрема

Скопје и 10 општини добиваат нови 49 комунални возила за одржување на хигиената.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Ќе се подобрува хигиената во општините. Промовирана современа опрема за почисти градови. Нови претоварни станици, камиони за собирање на смет, цистерни за миење на улиците, контејнери. Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, ги промовираа новите возила и опрема за комунална хигиена.

49 нови комунални возила ќе бидат вклучени во одржувањето на хигиената во град Скопје и општините Куманово, Прилеп, Струмица, Штип, Охрид, Тетово, Неготино, Кичево, Дебар и Велес.

Фото: reper.mk

27 возила се обезбедени за општините во главниот град, со кои се очекува значително подобрување на сликата на Скопие во однос на хигиента. Претседателот на ЗЕЛС, изрази благодарност до Владата и најави дека наскоро ќе стигнат новите електрични автобуси, од кои 100 ќе бидат во Скопје, а другите лоцирани во други општини.

Фото: reper.mk

„За 12 години, Град Скопје имал набавено само 10 возила. Ќе се направи промоција на уште пет камиони кои сами ги обезбедивме, две претоварни станици и ексклузивно, Град Скопје ќе добие 3 200 контејнери, бројка која не е набавена 10 години”, изјави претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски рече дека државата успеала да ја направи набавката со избирање на најдобрата понуда.Со 4,2 милиони евра преку Светска банка набавени се 19 мултифункционални камиони од различен тип, девет цистерни и 21 мултифункционални возила за чистење на улиците.

Фото: reper.mk

„Овие возила се најдобриот начин да се помогне на општините. Направивме заштеда, од 5, 5 милиони евра на 4,2 милиони евра. Успеавме да ја завршиме набавката и да заштедиме средства. 19 мултифункционални камиони, 9 цистерни за миење на улиците, 21 возило за чистење на улиците”, изјави министерот за транапорт и врски, Александар Николовски.

26 месеци се боревме со држава украдена и клекната на колена, истакна премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: reper.mk

„Подобра животна средина, подобра хигиена! Им честитам на сите кои ќе добијат подобра механизација, испорака на автобуси кои скоро ќе се испорачаат на општините. Од клекната и распадната држава, можеме да кажеме дека Македонија е подобро место за живеење и уште подобра ќе биде во наредните три години. Убеден сум дека во периодот што следи ќе го испорачаме тоа што го ветивме. Ние сме тука да го оставиме срцето на терен и да го подобриме животот на граѓаните преку проекти“, истакна претседателот на владата Христијан Мицкоски.

Претседателот на Заедницата на единиците на локална самоуправа ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Ѓорѓиевски рече дека е подобрена состојбата во комуналното претпријатие, од 17 возила за комунален отпад, сега институцијата поседува 50.

Најнови вести