Албанија официјално го забрани увозот на месо од Бразил. Одлуката доаѓа откако земјата беше отстранета од овластената листа на EУ поради неможноста да обезбеди безбедносни гаранции за употреба на антибиотици и стимуланси за раст кај животните.
Сепак, пратките од живина и говедско месо со сертификати издадени пред 3 септември, ќе продолжат да се прифаќаат, дури и ако пристигнат подоцна месецов.
Повеќе од две децении, соседна Албанија купува месо и месни производи од Бразил, што ја прави оваа земја прва на списокот по увозот на овој производ.