Првиот голем пожар е во општината Ѓорче Петров во село Грачани, се дејствува и од воздух и од земја. Ветерот го носи чадот накај главниот град и граѓаните поради миризбата чувствуваат вознемиреност, информира Ангелов.
Врз огнената стихија веќе делуваат скопските пожарникари, засилени со типови на ДЗС, работат по огнената линија за да ја намалат. Од воздух гаси и еден армиски хеликоптер како и два ер-трактори. Во овој момент двете села Грачани и Никиштани не се загрозени од пожарот.
Ангелов очекува вечерва да биде ставен под контрола.
Вториот голем пожар за кој директорот Ангелов информираше е во Струга, на граница со Дебар. Пожарот е на тежок и на непристапен терен, гори мешовита шума на голема површина. Во попладневните часови ќе се вклучат ер-тракторите.
Вчера биле подметнати два пожари, на Китка и во Зелениково. Овие пожари се изгаснати благодарејќи на пожарникарите од Скопје.
Апел до граѓаните да бидат внимателни и да не предизвикаат пожар, а секое сомнително однесување да го пријават.
Активен пожар има повторно во подножјето во Жеден, Ангелов се сомнева дека и тој е подметнат.