Марта Кос ја откажа посетата на Србија, Вучиќ остро возврати: нема мене Кос да ми држи лекции за тоа кој е воен злосторник

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, ја откажа планираната посета на Србија, откако го осуди „величењето на Ратко Младиќ“. „Жал ми е, таман сакав убаво да си поразговараме како за четири години ќе го отвориме кластерот 3“, порача претседателот Александар Вучиќ.

  • 3 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на Србија Вучиќ, реагирајќи на пораката на европската комесарка за проширување Марта Кос, изјави дека секогаш кога станува збор за нешто што е лошо за Србија, таа е таа што го најавува и го иницира таквиот развој на настаните, пренесува РТС.

Вучиќ напомена дека сето тоа било очекувано и дека не станува збор за ништо ново, потсетувајќи дека и за време на средбата со претставникот на Европската комисија во Белград рекол дека очекува токму тоа да се случи.

„Објаснувањето беше исклучително кратко, но глупаво како и обично – значи, глорификација на генералот Младиќ, само што не кажуваат кој што величел и кога. Не можат да најдат ништо конкретно. Потоа се занимаваат со подвозници, надвозници. Па, требаше ли да им забраниме на луѓето да се појават, да забраниме погребот, да правиме кучешки гробишта, да им забраниме на луѓето да дојдат на погребот за да не го регулираме сообраќајот? Што уште треба да направиме?“, рече Вучиќ.

Според неговата оценка, тие не ја разбрале најдобро пораката на српскиот народ.

„И да ја тргнете целата приказна за генералот Младиќ, тие не разбираат колку му е преку глава на српскиот народ од лаги, измами, одземање територии, казни само за Србите, а ослободителни пресуди за сите останати. Но, останува да го почекаме 16 септември“, рече Вучиќ, алудирајќи на закажаното изрекување на пресудата за Хашим Тачи во Хаг.

Како што истакна, веста за 16 септември за него е многу поважна од доаѓањето на Марта Кос.

„Жал ми е, таман сакав убаво да си поразговараме како за четири години ќе го отвориме кластерот 3, кога ќе дојде до тројна промена на власта, бидејќи сега нема да дојде веднаш за да ја известам дека ја зголемуваме предноста во однос на нашите противници, и тоа значително. Овој пат не успеа сè што правеа некои во нашата земја. Не можам да кажам дека тоа го правеше Марта Кос, само што немаше ништо против“, рече Вучиќ.

Кос: Глорификацијата на Ратко Младиќ е неспоиво со европските вредности

Европската комесарка за проширување, Марта Кос, соопшти дека одлучила во овој момент да не ја реализира планираната посета на Србија, откако ја осуди „глорификација та на Ратко Младиќ“ како неспоиво со европските вредности.

Марта Кос во објава на мрежата Икс наведе дека „враќањето на посмртните останки на Ратко Младиќ во Белград ја потсетува Европа на најмрачните страници од нашата понова историја“.

„Ратко Младиќ беше осуден за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства. Величањето на Младиќ по неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се заснова европскиот пат на Србија. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување и почитување на жртвите на воените злосторства“, порача европската комесарка.

Кос наведе дека токму во тој контекст одлучила да не ја реализира планираната посета на Србија „во овој момент“.

Комесарката претходно денеска, во пресрет на неформалниот состанок на министрите за европски прашања во Даблин, изјави дека начинот на кој Србија ќе реагира на пренесувањето на посмртните останки на Ратко Младиќ во Белград ќе претставува „многу важен тест“ во наредните денови.

Говорејќи за европскиот пат на Србија, Кос тогаш нагласи дека земјите членки не го оценуваат само техничкиот напредок во пристапниот процес, туку и усогласеноста на Србија со вредностите на Европската Унија.

Најнови вести