14 најуспешни млади го добија „инженерскиот прстен“

Под покровителство на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, и во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери, беа доделени признанијата „Инженерски прстен 2026“.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Церемонијата на доделувањето на признанијата се одржа на Плаошник во Охрид, најдобрите млади инженери од техничките факултети во земјата го примија симболот на знаењето, професионалната чест и инженерската одговорност.

Добитници на годинашното признание се млади инженери од архитектурата, градежништвото, машинството, електротехниката, информатиката, земјоделските науки, технологијата и други инженерски области од УКИМ, УКЛО и УГД.

Сиљановска-Давкова порача дека „Инженерскиот прстен“ е потврда дека знаењето, трудот, стручноста и професионалноста се препознаваат и вреднуваат, нагласувајќи дека најуспешните млади инженери претставуваат значаен човечки и развоен потенцијал за државата.

 

Шефицата на државата зборуваше и на најгорливата тема, иселувањето на младите инженери, посочувајќи дека државата треба да создава услови најдобрите да останат и својот професионален потенцијал да го вложат во земјата.

„Способноста да ги задржиме најдобрите и да им овозможиме својата иднина да ја градат дома е суштинско прашање, од чиј брз и точен одговор ќе зависат економската конкурентност и долгорочниот развој на македонската држава“, изјави Претседателката Сиљановска-Давкова.

М-р Антонио Томески, најдобриот студент на Градежниот факултет – Скопје при УКИМ е добитник на престижното признание „Инженерски прстен 2026“.

Со оваа престижна награда досега се закитиле 257 инженери, а се доделува по 23 пат.

Најнови вести