Се уште трае борбата со огнената стихија во селото Грачани во Ѓорче Петров. Од утринава со хеликоптери се гасат пламените јазици, а пожарникарите неуморно се обидуваат да го спречат огнот. Пожарот е активен и на територија на Република Косово. Чадот во утринските часови и натаму се чувствува во неколку скопски општини.
Пожар е регистриран и во Македонски Брод, во селото Белица, каде е зафатена нискостеблеста деградирана и мешана шума, соопштија утринава од ЦУК.