Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Филипче повторно се обидува да ја спинува темата за дата-центрите и да создава неоправдана загриженост кај граѓаните, наместо да ги согледа придобивките.
Развојот на дата-центрите е можност за привлекување инвестиции, развој на нова индустрија, отворање нови работни места и напредок на државата. Јасно е кажано дека електричната енергија ќе се набавува на пазар или од обновливи извори, додека за ладењето на дата-центрите постојат повеќе различни решенија. Тоа значи дека манипулациите со наводна опасност за водните ресурси не ја кажуваат целата слика, стои во соопштението до медиумите.
Од партијата посочуваат дека поранешниот премиер и сегашен пратеник на СДСМ, Димитар Ковачевски јавно потврдил оти не се согласува со претседателот на СДСМ.
„Значи, Филипче не само што е против проектите на Владата, туку е против секој па дури и сопартијци кои препознаваат дека развојот на оваа индустрија може да биде од корист за државата. Филипче зборува за цената на електричната енергија и за користењето на водата, но кога веќе се дадени конкретни објаснувања за овие прашања, останува впечатокот дека неговата цел не е да понуди решение, туку по секоја цена да биде против“.
Граѓаните заслужуваат политика што ќе поддржува инвестиции, нови индустрии и економски развој, а не политика на постојано кочење од страна на опозицијата и политички спинови се додава во соопштението.