Рускиот претседател Владимир Путин им наредил на руските сили во следните три дена да се воздржат од напади врз Киев, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Наредбата важи од денеска и е поврзана со подготовката и одржувањето на средби на американски претставници во Киев, Стив Виткоф и Џаред Кушнер.
Песков рече дека засега нема информации за нови предлози за решавање на конфликтот во Украина. Претходно и Трамп изјави дека нема нови идеи во однос на прекинот на конфликтот.