Убиен млад скопјанец во Чаир: Од мотор пукано кон група луѓе- МВР со детали

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Млад скопјанец го загуби животот откако било пукано кон група луѓе вчера околу 23:30 часот во Чаир. Кон групата било пукано од две лица кои дошле со мотор, а по пукањето избегале.

-На 06.09.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б.(36), Е.Б.(25) и А.М. (26), сите од Скопје стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал, информираат од МВР.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести