ФОТО: Ден по убиството кое го потресе Скопје- еве како изгледа Дуќанџик

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Тивко, мирно и без траги денеска на местото на убиството кое ја потресе цела Македонија. 25- годишен маж е убиен во скопски Дуќанџик вчера околу 23:30 часот.

Според информациите од МВР, пукањето било пријавено на 6 септември околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата на улиците „Прохор Пчински“ и „Војдан Чернодрински“.

РЕПЕР.МК

Во моментот на нападот, Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б. (36), Е.Б. (25) и А.М. (26), сите од Скопје, стоеле пред излог на фирма.

Во еден момент пред групата застанал мотоцикл на кој се наоѓале две лица. Од мотоциклот било пукано со огнено оружје кон петмината скопјани, по што напаѓачите веднаш побегнале од местото.

Еден од испуканите проектили го погодил 26-годишниот А.М. На местото била повикана Итната медицинска помош, а повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

И покрај укажаната медицинска помош, А.М. им подлегнал на повредите и починал во болница.

Најнови вести