ДЕТАЛИ ЗА УТРЕШНИОТ СПЕКТАКЛ НА ГЕТА: Во 17 часот бидете пред Градски и не ги носете овие работи!

Со концерот на Дејвид Гета на Градскиот стадион во Скопје се заокружува едномесечното одблежување на 35 години независност на Македонија.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

За утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 незавиност на Македонија, вратите на градскиот стадион во Скопје ќе бидат отворени во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција, апелираа до граѓаните да пристигнат навремено и да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

-Безбедноста на сите присутни граѓани и самото непречено одвивање на настанот и одржувањето на поволен ред и мир се приоритет на МВР. Мерките се насочени кон превенцијата, односно создавање на услови за посетителите безбедно да пристигнат на самиот настан, да присуствуваат на самиот настан и безбедно да се вратат во своите домови. Апелираме- сите присустни да ги почитуваат насоките дадени од полициските службеници како и од редарската служба од агенциите за приватно обезбедување, изјави началничката на униформираната полиција при МВР, Билјана Сарагинова.

Граѓаните кои ќе присуствуваат на утрешниот концерт да дојдат навремено и со себе да не носат предмети кои се забранети за внесување на вакви настани, како што се огнено оружје, разни експлозивни материи, ладно оружје, стаклени шишиња, алкохолни пијалоци, лименки…

Од МВР апелираат да не се носат големи ранци или торби, бидејќи истите ќе бидат отстранети.

СВР Скопје за утрешниот концерт на Дејвид Гета има посебен план за физичко и сообраќајно обезбедување за музичкиот настан.

-Посебен режим на сообраќај ќе има кај приодите до арената „Тодор Проески“, на дел од булеварот „Илинден“ се со цел граѓаните непречено и навремено да пристигнат на настанот, истакна помошник- началникот за општа безбедност при МВР, Љупчо Ѓурчевски.

Бобан Милошевски од Авалон продукција изрази надеж дека без било какви проблеми ќе помине утрешниот настан како и сите претходни во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија.

Во однос на замената на картите за Дејвид Гета со алки, Милошевски вели дека тоа е неопходно бидејќи ако картите се чекираат ќе трае предолго.

-Замената на картите со алките треба да се сфати како една неминовност, за одржување на концертот во интерес на времето, појасни Милошевски.

Најнови вести