Засега пожарот не е ризичен, но можно е да навлезе во територијата на ловиштето и да ја зафати боровата шума, вели во изјавата директорот Стојанче Ангелов.
Пожарникарите неуморни во борбата со огнената стихија.





Активни се пожарите и во Рамно и на границата помеѓу Струга и Дебар , каде дејствуваат локалните пожарникари од Струга, а дирекцијата во текот на утрешниот ден ќе испрати и дополнителни екипи.
„Во попладневните часови имавме повеќе од 20 нови пожари, што значи полни раце работа за сите пожарникари и екипи кои работат на гасење, благодарност до сите нив кои даваат се од себе. Оптимист сум дека пожарот нема да навлезе во ловиштето. Не очекуваат тешки денови, затоа внимавајте доволна е искра за вистинска катастрофа“, апелира Ангелов.