Утре со почеток во 14:00 часот, по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, ќе биде домаќин и свое обраќање ќе има на свеченоста под мотото „Силно светнал ден!“.
Свеченоста ќе се одржи на платото пред Владата.