Посебен режим на сообраќај ќе биде воведен утре во Скопје, поради музичкиот настап што ќе се одржи на Националната арена „Тодор Проески“ по повод Денот на независноста, 8 Септември.
Од СВР Скопје информираат дека настанот ќе започне во 19 часот, поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на приодите кон арената и на булеварот „Илинден“.
Од полицијата апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат полициските службеници на терен.