Пет години од пожарот во болницата во Тетово- згаснаа 14 животи

На 8 септември 2021 година пожар ја проголта модуларната ковид-болница во Тетово. Меѓу загинатите беа 12 пациенти и двајца роднини.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Денеска се навршуваат пет години од трагедијата која ја потресе цела Македонија- пожарот во модуларната болница во Тетово… Загинаа 14 лица, а десетина беа повредени. Од жртвите, 12 биле пациенти кои се лекувале од Ковид-19, а двајца нивни блиски роднини.

По долготрајниот судски процес, директорите на тетовската болница, Флориан Бесими и Артан Етеми, беа осудени на три години казна затвор за тешки дела против општата сигурност, а правното лице- Клиничка болница доби парична казна од еден милион и триста илјади евра.

Во август годинава, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја затвори истрагата за јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници во Македонија, оценувајќи дека не постојат основи на сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување или за друго кривично дело кое се гони по службена должност.

Најнови вести