„Јагуар Ленд Ровер“ отпуштa 4.000 работници

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Британскиот производител на луксузни автомобили „Јагуар Ленд Ровер” планира да укине 4.000 работни места, преку шема за доброволно заминување на вработените.

Најавaта од компанијата следува по многуте турбулентни месеци кои ги вклучуваат американските царини и голем кибер напад.

„Мораме да се прилагодиме на условите на глобалниот пазар и да заштедиме приближно 1,7 милијарди фунти во следните две години. За да го постигнеме ова, мораме да ја поедноставиме нашата организација, да ја подобриме нашата ефикасност и да ја зајакнеме нашата отпорност“, се вели во соопштението на „Јагуар Ленд Ровер”.

Компанијата посочи дека ги информирала партнерите дека ќе почне со програма за доброволно заминување од работа, давајќи им можност на вработените да ја напуштат фирмата за одреден паричен надомест. Компанијата лани оствари нето загуба од 244 милиони фунти и доби гарантен кредит од британската влада.

Најнови вести