Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со жестоки критики по извештајот дека претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, го предупредил неколку дена пред нападот на 7 октомври 2023 година дека Хамас подготвува голема операција. Кабинетот на Нетанјаху ги отфрли наводите како лага, но опозициските партии побараа итна и темелна истрага за тоа, што знаел премиерот, кога бил информиран и зошто
не презел мерки за заштита на цивилите.
Лондон контра акциите на Тел Авив
Покрај внатрешните превирања, израелскиот премиер се соочува со притисок и од Лондон. Велика Британија објави санкции за нелегалните израелски населби во окупираниот Западен Брег, обвинувајќи ја израелската влада дека ги игнорира „етничкото чистење“ на Палестинците од страна на доселениците. Санкциите на Велика Британија забрануваат увоз на стока од населбите, но ќе дејствуваат и против компании и поединци кои обезбедуваат услуги за проширување на населбите на Западниот Брег.
За неколку часа, Израел одговори со четири контрамерки против Велика Британија вклучувајќи и најава за затворање на британскиот конзулат во Ерусалим во наредните 30 дена. Израел, исто така, им забранува на 11 пратеници влез во земјата. Министерот за надворешни работи на Велика Британија вели дека одговорот на Израел на санкциите на Велика Британија врз населбите на Западниот Брег е „жален”.