Српскиот претседател Александар Вучиќ ја потпиша одлуката за закажување избори за пратеници за 25 октомври 2026 година.
Вучиќ објави, зборувајќи од Претседателството на Србија, дека декретот ќе стапи во сила на денот на објавувањето во Службен весник на Република Србија, по што ќе почнат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија.
Да не беа ваквите тензии и политички несогласувања и конфликти, сигурно немаше да ни требаат избори, но секое одложување би го загрозило Експо и опстанокот на демократијата како најдобра форма на политички режим во нашата земја, истакна Вучиќ.