Лишени од слобода 21 возач, 14 возеле без возачка дозвола тројца под дејство на алкохол

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 21 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, 14 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Б.С.(18), А.Б.(20) и Е.М.(21) од скопско, Б.Ф.(24), А.Ч.(19) и Е.Ј.(28) од Скопје, Т.Т.(62) од Велес, Б.А.(36) од с.Мелница, општина Чашка, А.Ш.(26) од Битола, А.С.(18) од битолско, Х.Р.(18) од Охрид, Н.М.(44) од валандовско, А.И.(28) од тетовско и Ф.Ј.(24) од Тетово. Од слобода се лишени С.К.(54) од Скопје, Т.С.(68) од радовишко и Д.С.(41) од тетовско бидејќи возел под дејство на алкохол.

Додека, поради управување возило за време на активна забрана од слобода се лишени Д.С.(32) од Кичево, С.М.(32) и Г.П.(42) од Скопје и С.Т.(55) од Кавадарци. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Најнови вести