Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната со Иран ќе заврши и дека цените на нафтата ќе се намалат веднаш по изборите. Трамп додаде дека верува оти Иран конечно ќе попушти откако ќе се одржат клучните избори во САД.
Трамп рече дека Иран сака да ја продолжи војната до ноември за да му нанесе политичка штета на претстојните среднорочни избори за Преставничкиот дом и Сенатот.
Тој додаде оти верува дека Техеран е блиску до колапс и дека ќе бара крај на конфликтот веднаш по изборите, што ќе предизвика и пад на цените на нафтата.
Се што сакаат е нуклеарно оружје. А ако имале нуклеарно оружје, целиот свет е во голема неволја. Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите, бидејќи тие повеќе не можат да издржат”, истакна шефот на Белата Куќа.
Иранската револуционерна гарда соопшти дека војната со САД би можела да заврши доколку Вашингтон престане да му се заканува на Иран и одговори на условите што Исламската Република ги постави, вклучително и оние поврзани со неговата нуклеарна програма.
Деновиве двете страни ги обновија борбите со напади на танкери и бродови во Ормускиот теснец и во Персискиот Залив. Иран возврати до ракети и беспилотни летала во Заливските земји.