Центарот за управување со кризи до 07:30 часот регистрира 24 изгаснати пожари, 4 под контрола.
Активни пожари се три во Општина Струга, с. Буринец – с. Локов – с. Селце – с. Елевци (нискостеблеста шума),
Општина Македонски Брод, с. Белица, м.в. Кајорец (нискостеблеста и мешана шума),
Општина Чучер-Сандево: с. Брест, м.в. Рамно (мешана шума).
Под контрола се ставени пожарите во
Општина Македонски Брод: с. Бенче (шумски пожар), Општина Кичево, с. Тајмиште, м.в. Дарда (ниска вегетација),
Општина Ѓорче Петров: с. Грачани (шума),
Општина Делчево: градска депонија (ѓубре).