Екс в.д. директорката на гостиварски „Комуналец“, Артана Асани, осомничена во случајот со загадувањето на водата во градот, оди во домашен притвор. Одлуката е донесена по барање на одбраната на осомничената, а по добиено позитивно мислење од Основното јавно обвинителство, велат од Основниот суд Гостивар.
Другите двајца осомничени раководители во јавното претпријатие засега остануваат во притвор.
Екс в.д. директорката на „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Дервиши, се осомничени за тешки дела против животната средина и природата, односно за загадување на вода за пиење.