600 евра минималец: СДСМ поднесе предлог до Собранието

СДСМ одново предлага зголемување на минималната плата и таа да изнесува 36.960 денари.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче смета дека сегашната минимална плата од 26.000 денари не е доволна во услови на зголемени трошоци за живот, особено поради поскапувањето на храната и горивата. Според него, голем број работници имаат примања меѓу минималната и просечната плата и тешко ги покриваат секојдневните потреби и обвини дека власта претходно двапати го одбила предлогот.

„Во услови кога минималната синдикална кошничка изнесува близу 70.000 денари, ако на тоа се додадат пари за закуп на стан, кирија или кредит кој што се враќа за станот, сумата стигнува 90 па и над 90.000 денари. Сегашната минимална плата практично покрива само 37, односно 31 процент од вкупните трошоци”, рече Филипче.

Како дополнителна мерка, СДСМ предлага државата да ги субвенционира придонесите за приватните компании што ќе ги зголемат минималните плати.

Најнови вести