Министерството за внатрешни работи спроведe координирана акција со претреси на повеќе локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија.
Од Обвинителството пак, соопштија дека врз основа на наредби од судија на претходна постапка, обезбедени по барање на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, се претресувало на 32 локации во Скопје, на лица, домови и службени простории во МВР.
-Се преземаат и други дејствија заради обезбедување докази поради сомненија за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 од Кривичниот законик, појаснуваат од Обвинителството.