Презентиран проектот за изградба на транзитната магистрална улица „Хасан Приштина“

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓоргиевски, заедно со градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, се сретнаа со стопанствениците од индустриската зона „Визбегово“, на кои им го презентираа проектот за изградба на транзитната магистрална улица „Хасан Приштина“, која претставува клучна сообраќајна врска кон Блаце и Косово.

На средбата како што беше соопштено, биле слушнати нивните мислења и предлози кои се особено важни, за сообраќајните потреби во овој дел од Скопје.

Ѓоргиевски на социјалните мрежи соопшти дека било разговарано и за очекуваните придобивки од проектот, меѓу кои подобра поврзаност, растоварување на постојната улична мрежа, поголема безбедност и поефикасен превоз на луѓе и стоки.

По завршувањето на процесот на експропријација, ќе пристапиме кон реализација на проектот.

Најнови вести