Центарот за управување со кризи до 07:30 часот, регистрира вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 3 се активни, 4 се под контрола, а 24 се изгаснати.
Активни пожари се 3 и тоа во Општина Македонски Брод, с. Белица, м.в. Кајорец, проширен кон м.в. Дабова Дупка Јасен, гори нискостеблеста и мешана шума.
Општина Чучер-Сандево во с. Брест, м.в. Рамно гори мешана шума. Општините Крушево и Кривогаштани во с. Алданци, проширен еден крак кон с. Годивлје каде пламените јазици зафатиле нискостеблеста дабова шума и висока вегетација.
Пожари под контрола се 4.