Островот Брач одбранет од пожарот, 200 луѓе се евакуирани

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Населбата Милна на хрватскиот остров Брач е одбранета од пожарот, околу 200 луѓе биле евакуирани, а едно лице добило медицинска помош, изјави утрово главниот пожарникарски командант Славко Туцаковиќ.

Според него пожарот во текот на ноќта се проширил кон заливите каде што имало голем број луѓе, меѓу кои и странски туристи, поради што била извршена делумна евакуација, пренесе „Индекс“.

Туцаковиќ наведе дека евакуираните лица биле сместени во спортската сала во Супетар и во пасторалниот центар во Постире.

Во гаснењето учествуваат 174 пожарникари со 53 противпожарни возила, а од воздух им помагаат противпожарни авиони „Ер Трактор“ и „Канадер“, а пожарот беснее веќе четврти ден.

Најнови вести