„СДС отиде против прославата на 35 години од независноста“: ВМРО-ДПМНЕ со порака да се погледне видеото кое го објави Гета

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Нискиот и уличарски речник на СДС е само опис на состојбата во која се наоѓаат Венко Филипче и неговото раководство, кои несомнено го претставуваат талогот во општеството, стои во соопштението од партијата.

„СДС и Венко Филипче дури отидоа против прославата на 35 години независна држава. Тие директно се спротивставија на илјадници луѓе кои беа дел од прославата и кои ја поддржаа. Со нивните небулозни тврдења за некаков криминал, и покрај целата отчетност и транспарентност, само покажуваат колку се ситнодушни и без идеја во политичкиот настап“.

За крај, ако нешто не им е јасно, нека го погледнат видеото на светски познатиот диџеј Дејвид Гета за Македонија, името кое, патем, СДС го промени, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести