Зетот на Трамп знае како да се заврши војната во Украина, но Киев и Москва не попуштаат

Зетот на американскиот претседател, Донал Трамп, знае како може да се заврши војната во Украина, но завојуваните страни и натаму не отстапуваат од своите позиции.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Украина би можела да се повлече до границите што ги одредила Русија за да се постигне мировен договор, но Киев во моментов не сака да ги прифати руските услови, вели советникот на претседателот на САД, Џералд Кушнер.

Говорејќи преку видеоврска на конференцијата за европската стратегија „Јалта”, одржана во Киев, Кушнер рече дека целта на Соединетите Американски Држави, како посредник во преговорите, е да помогнат во изнаоѓањето решение што ќе им одговара и на Киев и на Москва.

Според Кушнер, доколку Киев се согласи на повлекување до линијата во Донбас, повеќето од останатите елементи на мировниот договор би биле усогласени.

„Најтешкото прашање, како и досега, останува територијалното. Мислам дека тоа до одреден степен очигледно е определено од она што се случува на бојното поле, каде што ситуацијата во тој поглед е прилично динамична”, изјави Кушнер.

Американскиот тим е задоволен од последната рунда разговори во Москва и Киев и се надева оти наскоро ќе биде одржан трилатерален состанок. Сепак, Кремљ ја отфрли иницијативата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за директна средба со Владимир Путин на маргините на самитот на Г20, кој во декември треба да се одржи во САД.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Москва е подготвена да води разговори со Украина, но нема намера да ги прекине непријателствата за време на таквите контакти.

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца. Русија изврши еден од најголемите напади со беспилотни летала во последните недели, а меѓу целите беше и возот на релација Киев-Варшава, кој беше погоден на само два километра од полската граница. Има загинати и повредени.

Најнови вести