Американскиот претседател Доналд Трамп се противи на забавување на развојот на вештачката интелигенција во САД, оценувајќи дека технолошката предност пред Кина е клучна за глобалната моќ.
Трамп ги отфрла предупредувањата за ризиците од забрзаниот развој на вештачката интелигенција, оценувајќи дека тие често се преувеличуваат.
САД и Кина вложуваат огромни средства во развој на ВИ и компјутерска инфраструктура со што натпреварувањето меѓу двете земји е прашање на национална безбедност.
„Ние ја предводиме Кина во вештачката интелигенција. Оној што ќе победи во вештачката интелигенција – победува“, порача Трамп.