Европските лидери не се плашат од заканите на Путин

По нападот врз воз на украинско - полската граница, ЕУ со порака до Путин: НИШТО НЕ МОЖЕ ДА НЕ ЗАПЛАШИ.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Лидерите на ЕУ со осуда откако вчера руски дрон погоди воз во близина на украинско-полската граница, кратко откако поранешниот британски премиер Борис Џонсон и високи европски безбедносни претставници поминаа оттаму.

„Јасно е дека целта е да се исплашат западните земји за да не ја поддржуваат Украина и да не патуваат таму за да покажат поддршка. Сметам дека треба да постапиме спротивно. Треба да покажеме дека сме тука и дека не се плашиме“, изјави Каја Калас шефица за надворешна и безбедносна политик на ЕУ.

Францускиот дипломат вели дека Европската Унија е сведок на години руска агресија, но силата на блокот е бо единството

„Нашата сила лежи во нашето единство и кога сме обединети, ништо не може да не заплаши“, истакна Жан-Ноел Баро, министер за надворешни работи на Франција.

За нападот врз возот, од Кремљ велат дека руската војска ги извршува своите задачи на целата територија на Украина и ќе продолжи да го прави тоа.

Најнови вести