Социјалдемократите од пред јавното обвинителство бараат веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација за прославата на денот на независноста.
Сметаат дека начинот на носење одлуки е сомнителен и спротивен на закон.
Портпаролката Кузеска на прес-конференција праша во кое својство Владата ѝ наложила на Државната лотарија да ја организира и финансира прославата?
Ако постапувала како претставник на државата акционер, каде е одлуката на Собранието на акционери. Кој орган одобрил трошење над 300 милиони денари? На која седница? Кој гласал и врз која законска основа? Јавниот повик траел само пет работни дена и пристигнала само една понуда. Повикот завршл на 8 мај, а само три дена подоцна власта веќе го најавила настапот на Дејвид Гета.
СДСМ бара обвинителството да утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога бил договорен и исплатен. Од партијата повик да постапат и Државната комисија за спречување на корупцијата и Државниот завод за ревизија.