Собранието ќе го одбележи Меѓународниот ден на демократијата – 15 Септември

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата – 15 Септември. На настанот, како што е најавено, воведни обраќања ќе имаат Златко Атанасов, државен советник и раководител на Парламентарниот институт, потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски и амбасадорот на Швајцарија во Македонија, Кристоф Зомер.

Потоа се предвидени прашања на тема „Демократија“ за учениците кои ќе бидат присутни, а ќе ги поставуваат советникот – историчар Соња Стаменковска и советникот за правно-политичка едукација, Даниел Гоќески.

Предвидено е да биде емитуван и видео материјалот „Како Шари стана пратеник?” по што ќе следува дискусија со учениците и пратениците со Стаменковска и Гоќески.

Најнови вести